-
Профил
-
Мисија
-
Принципи
-
Менаџмент
-
Остварувања
-
Политика за квалитет
-
Политика за приватност на личните податоци
Пакомак е непрофитна компанија, основана на 3.12.2010, чија дејност е управување со отпадот од пакување, согласно со новиот Закон за управување со пакувањето и со отпадот од пакување.
Основачи на компанијата се 11 водечки производствени компании во Македонија: Пивара Скопје АД Скопје; Прилепска пиварница АД Прилеп; Витаминка АД Прилеп; Пелистерка ДОО Скопје; Магрони ДОО Скопје (Ладна, Добра вода); Кодинг Дооел Кавадарци (Горска вода); Кожувчанка ДОО Кавадарци; Вивакс Дооел Скопје; Благој Ѓорев АД Велес; ВВ Тиквеш АД; ВВ Стоби АД.
Целта на компанијата е да изгради долготрајна и цврста соработка со своите клиенти и со државата и согласно со европските регулативи - да го минимизира негативното влијание на амбалажниот отпад врз животната средина, да промовира одговорен однос на компаниите кон амбалажниот отпад, овозможувајќи со тоа поквалитетен живот за сите.
Пакомак е отворен за вклучување на сите компании што имаат обврска да го менаџираат својот отпад од пакување и што се свесни за својата општествена одговорност за обезбедување поздрава животна средина. Во рамките на Пакомак, новите компании-членки имаат еднаков третман како и компаниите-основачи.
Од 20 мај 2011 Пакомак е 34-тата национална непрофитна компанија што се приклучува кон интернационална мрежа за управување со амбалажен отпад ProEurope (http://pro-e.org/), со што ја добива лиценцата за употреба на симболот "Green Dot". Green Dot е финансиски симбол, кој означува дека за пакувањето што го има тој знак е платен надомест за постапување со отпадот по употребата.