ЧПП
Клиенти
1. 
П: 
Што ако пријавам погрешни количини отпад од пакување?
О: 
Одговорноста пред надлежните органи за пријавените количини е на тој што ги пријавува.
2. 
П: 
Дали мора да пријавувам во Пaкомак, јас малку имам отпад од пакување (амбалажа)?
О: 
Мора да се пријавува за да се види колку пуштате амбалажа на пазарот на основа на тоа што ќе го пријавувате во Пакомак. Потоа ако сте под законските минимални количини ќе може да се заклучи дека сте мал производител. Како мал производител ќе треба да плаќате годишен паушал кон Министерство за животна средина и просторно планирање од 6000 денари и немате обврска да пријавувате кон Пакомак.
3. 
П: 
Не знам како да пресметам колку од пакувањето е пластика, колку хартија и останатите матерјали?
О: 
Најдобро за овие количини е да ги прашате вашите добавувачи односно производителите на производите. Тие сигурно ги имаат овие информации.
4. 
П: 
Дали може во исто време да пријавувам количини за пуштен амбалажен отпад на пазарот кај повеќе колективни постапувачи?
О: 
Согласно законските прописи во исто време не може да се пријавува кај повеќе колективни постапувачи.
5. 
П: 
Дали може еднаш годишно во Пакомак да пријавувам количини за пуштен амбалажен отпад на пазарот?
О: 
Согласно законските прописи во Пакомак треба да доставувате извештаи за пуштен амбалажен отпад на пазарот еднаш месечно.
6. 
П: 
На кој начин може да се постават картонски кутии за селекција на отпад (хартија, пластика и лименки) во фирми и институции?
О: 
Се потпишува договор со Пакомак за уредување на меѓусебни односи. Кутиите за селекција на отпад се наплаќаат 120 ден + ДДВ еднократно. Кесите за селекција на отпад се наплаќаат 9 ден + ДДВ. Подигнувањето на селектираниот отпад не се наплаќа и се врши од страна на наш соработник. По пријавување за подигнување на селектираниот отпад од фирми или институции на е маил адресата: officepak@pakomak.com.mk во рок од 48 часа истиот се превзема.
7. 
П: 
Дали откупувате хартија и пластика?
О: 
Не, Пакомак е друштво за управување со отпад од пакување и нема дозвола за тргување. Доколку сте правен субјект и имате отпад од пакување во кругот на Вашето работење треба да не информирате на е-маил за месечните количини со кои што располагате.
8. 
П: 
Дали Пакомак може да тргува и да остварува финансиска добивка со собраниот отпад од пакување?
О: 
Пакомак не смее да тргува со отпадот од пакување и да остварува профит. Пакомак е непрофитабилна организација и е обврзан да организира систем во кој отпадот од пакување ќе биде одложен кај правни субјекти кои имаат соодветна “Дозвола за складирање и третман на неопасен отпад” од кои последователно отпадот во најчест случај се извезува од Р.С. Македонија до соодветен рециклирачки капацитет.
9. 
П: 
Во чија надлежност е финансирањето и поставувањето на нови специјализирани садови (контејнери и канти) за примарна селекција на отпад во јавниот простор?
О: 
Согласно Законот за управување со отпад, Законот за проширена одговорност на прозиводителите и Законот за управување со пакување и отпад од пакување, одговорноста во финансирањето на собирачкиот систем е на товар на локалните самоуправи и колективните постапувачи со отпад, односно компаниите како Пакомак. Законот не прецизира детално во колкав процент секоја од засегнатите страни треба финансиски да го поддржи системот.
10. 
П: 
Со измените на Законот за управување со пакување и отпад од пакување кои се обврските на фирмите кои што имаат склучено договор со Пакомак?
О: 
Со стапување на сила на Законот за управување со пакување и отпад од пакување сите ваши обврски можете да ги видите на следниов линк (линк за клиентите / Закони / Водич за законите).
11. 
П: 
Дали доколку како производител имам договор со Пакомак, отпадот од пакување кој останува во кругот од моето работење ќе го собира Пакомак?
О: 
Пакомак не врши собирање на наведениот отпад. Овој отпад производителите може да го предадат на собирачите и транспортерите на неопасен отпад кои за тоа ќе им издадат соодветна документација. Листата на собирачи и транспортери на неопасен отпад можете да ја видите на следниов линк
Граѓани
1. 
П: 
Каде имате поставено контејнери за селекција на отпад?
О: 
Каде се поставени контејнерите за селекција на отпад можете да видите на следниов линк.
2. 
П: 
Какви типови на отпад од пакување можеме да фрламе во специјализираните игло контејнери што се во жолта, зелена и сина боја со зафатнина од 1,5 м3?
О: 
Кој отпад во кој контејнер се фрла можете да видите на следниов линк
3. 
П: 
Кој е одговорен за празнењето на игло контејнерите за собирањето стакло, пластика и хартија?
О: 
Во Градот Скопје и Општина Куманово одговорни за празнењето на игло контејнерите се соодветно Комунална Хигиена Скопје, односно ЈП Чистота и Зеленило-Куманово. Во преостанатите општини на територијата на Р.С. Македонија одговрен за собирањето и празнењето на игло контејнерите се овластени собирачки компании партнери на Пакомак.
4. 
П: 
Чија надлежност е чистењето на непосредната околина околу контејнерските места доколку истата е затрупана со друг тип на отпад освен соодветниот тип на отпад од пакување за кој е наменет контејнерот?
О: 
Надлежноста на собирањето и чистењето на несоодветно одложен отпад околу контејнерите е локалното јавно комунално претпријатие.
5. 
П: 
Зошто нема воопшто или нема доволно контејнери за селекција на отпад од пакување во мојот град или населено место?
О: 
Пакомак контејнерите за селекција на отпад од пакување ги поставува според однапред планирани приоритети и критериуми меѓу кои се: густината на населението, кооперативноста од страна на Јавните комунални претпријатија и нивната опременост за празнење на тие контејнери, појавата на уништување на тие контејнери од страна на неформалните собирачи итн. Контејнерите за хартија и пластика се најчесто уништувани од неформалните собирачи. Од друга страна паралелно со Пакомак контејнери за селективно собирање на хартија и пластика треба да поставува и самата општина.
6. 
П: 
Кој е задолжен за поставувањето на контејнерите на Пакомак низ цела Македонија и кој одредува приоритет локациски каде да се постават контејнерите?
О: 
Поставувањето на контејнерите во Градот Скопје и Општина Куманово го прават соодветно Комунална Хигиена Скопје односно ЈП Чистота и Зеленило-Куманово. Во преостанатите општини на територијата на Р.С. Македонија поставувањето е од страна на овластени собирачки компании партнери на Пакомак во соработка со локалните Јавни комунални претпријатија. За локациското поставување на контејнерите одлука донесува локалното Јавно комунално претпријатие. Се зема во предвид: густината на населението и пристапноста до контејнерите.
7. 
П: 
Како да обезбедиме контејнери за селективно собирање на отпад од пакување во мојата општина?
О: 
Треба да напишете барање до Пакомак и ние ќе ви одговориме какви се плановите и приоритетите на Пакомак за поставување на контејнери. Исто така можете да се обратите и во вашата локална самоуправа за да ви ги кажат нивните планови.
8. 
П: 
Контејнерите се полни. Која е фреквенцијата на празнење на истите?
О: 
Фреквенцијата ја одредуваат самите собирачи.
9. 
П: 
Не можам да го најдам контејнерот, се водам според мапата, но одредениот контејнер го нема на локацијата?
О: 
Веројатно надлежните од локалното Јавно комунално претпријатие го преместиле контејнерот. Ќе треба таму да се обратите.
10. 
П: 
Контејнерот е превртен, оштетен и стои вака подолго време. Ќе го замените ли со нов?
О: 
Треба да ни напишете допис со точна локација каде се наоѓа тој контејнер за да превземеме соодветни активности во соработка со Јавните комунални претпријатија.
11. 
П: 
Колку поени носи едно рециклирано шише / лименка во повратните вендинг машини на Пакомак?
О: 
Колку добивате од едно рециклирано шише или лименка во вендинг машините на Пакомак можете да видите на следниов линк.
12. 
П: 
На кој начин се купуваат ваучери на апликацијата за користење на повратната вендинг машина?
О: 
Откако ќе ја отворите апликацијата на истата доле во средина го одбирате полето означено со симболот +. Имате две полиња: достапни ваучери и купени ваучери. Го одбирате полето достапни ваучери. Ваучерите кои што се достапни можете да ги одберете и да ги искористете во рок од 24 часа. Откако ќе го одберете ваучерот во делот на купени ваучери ќе се генерира бар код кој што го покажувате на каса во оној продажен објект за кој што сте одбрале ваучер. Сметката ќе ви се намали за вредноста од ваучерот кој што сте го купиле. Истото ова можете да го видите ако кликнете на следниов линк.
13. 
П: 
Каде имате поставено повратни вендинг машини и зошто нема поставено повеќе?
О: 
Повратните вендинг машини се поставуваат согласно стратегијата и буџетските можности на Пакомак. Секако може и општините да инвестираат во поставување на повратни вендинг машини во соработка со Пакомак.
14. 
П: 
Зошто повратните вендинг апарати даваат „зелени поени“, а не функционира депозит системот во Македонија?
О: 
Депозитот е систем за кој што треба државата да донесе одлука за воведување на таков систем на целата територија на Р.С. Македонија. Но таков систем значи и повисоки продажни цени на одредени производи.
15. 
П: 
Дали подигнувате хартија и пластика од домовите?
О: 
Не, Пакомак е друштво кое што управува со амбалажен отпад. За таа намена се поставени контејнерите за селекција на отпад. Во сините контејнери се селектира хартијата,во жолтите контејнери се селектира пластиката и лименки, а во зелените игло контејнери се селектира стаклената амбалажа. Доколку имате поголема количина на амбалажен одпад за подигнување треба да се јавите кај некои од овластените собирачи.
16. 
П: 
Дали откупувате хартија и пластика?
О: 
Не, Пакомак е друштво за управување со отпад од пакување и нема дозвола за тргување. Доколку не сте правен субјект и собирате поголеми количини на отпад од пакување за подигнување треба да се јавите кај некои од овластените собирачи.
17. 
П: 
Дали во нашата земја има капацитети за рециклирање на селектираниот отпад?
О: 
Bo Р. Македонија има мал број на рециклирачки капацитети за хартија и пластика. Доминантиот дел на собраниот и селектиран отпад од пакување се извезува од државата.
18. 
П: 
Дали може тетрапак да се селектира и во кој контејнер?
О: 
Тетрапакот како амбалажен отпад е композит и се селектира во синиот контејнер за собирање на хартија и композит.
19. 
П: 
Што се случува со селектираниот отпад? Каде завршува отпадот? Кој е задолжен за извоз на отпадот?
О: 
Bo Р. Македонија има мал број на рециклирачки капацитети за хартија и пластика, а за стаклена амбалажа воопшто нема. Доминантиот дел на собраниот и селектиран отпад од пакување се извезува од државата. Извозници на амбалажниот отпад се крајните поседувачи односно фирмите за складирање и третман на отпад.
20. 
П: 
Дали може пластични ќесиња да се селектираат и каде?
О: 
Пластичните кеси треба да се селектираат во жолтиот контејнер за пластика.
21. 
П: 
Кои се одговорностите на Пакомак во процесот на рециклирање?
О: 
Пакомак е одговорен за менаџирање на целиот систем за селекција на отпад од пакување во општините со кои што има соработка. Тоа подразбира поставување на контејнери за селекција на отпад од пакување во рамки на своите буџетски можности, едукација на населението во однос на рециклирањето и финансирање на системот за празнење на контејнерите. Законска обврска е и на општините да поставуаат контејнери за селекција на амбалажен отпад. Празнењето на контејнерите е од страна на локалните Јавни комунални претпријатија или приватни овластени собирачки компании.
22. 
П: 
Дали можеме да добиеме канти за селекција во нашето школо, компанија, зграда или куќа?
О: 
Вакво барање треба писмено да доставите до Пакомак.
23. 
П: 
Што се случува со селектираниот отпад, сме виделе како целиот отпад од сите контејнери завршува во ист камион (се меша)?
О: 
Отпадот треба одделно да се собира и со камионите. Приватните овластени собирачки компании партнери на Пакомак не го мешаат отпадот. Доколку тоа е појава со Јавните комунални претпријатија треба да контактирате директно со нив.
24. 
П: 
Како преку ознаките за селектирање да дознаеме дали одредена амбалажа може да се селектира?
О: 
Секој отпад од пакување (амбалажа) треба да се селектира. Правилната селекција на отпадот од пакување можете да ја видите на следниов линк (линк од почетна / Видови на отпад) . Ознаките на амбалажата можете да ги видите за следниов линк
25. 
П: 
Дали пластичните и стаклените амбалажи (се мисли на сокови, хемикалии, јогурти...) треба да се измијат пред да се селектираат?
О: 
Не, бидејки истите се мијат при процесот на преработка. Само треба да бидат празни, односно да не содржат течност во нив.
26. 
П: 
Имам собрано пластични капачиња? Каде треба да се достават?
О: 
Ако имате собрано поголема количина пластични капачиња треба да ни напишете допис и ние ќе се организираме истите да ги превземеме.