Инфо за вендинг машини
  • Инфо за вендинг машини

„Пакомак“ е првата македонска компанија што во Република Северна Македонија го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки.


Идејата зад овој проект е да ги мотивираме граѓаните да се вклучат активно во процесот на селекција на отпадот од пакување.

За таа цел, со селектирање пластична амбалажа или лименки во машините, граѓаните ќе имаат можност да собираат зелени поени со помош на бесплатната мобилна апликација на „Пакомак“ наречена „Ecomak“. За собирање зелени поени граѓаните пред користењето на машината ќе треба да го скенираат баркодот што се појавува на нивната мобилна апликација и по фрлањето на отпадот, ќе им бидат доделени зелени поени во зависност од количината фрлен отпад во машината. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод.

Зелените поени потоа може да бидат заменети со вредни придобивки и поволности како што се: ваучери за попусти во маркети и во други продажни објекти, попусти при плаќање јавни услуги и комунални трошоци, донации итн. Оваа листа на места каде што можат да се користат ваучерите секојдневно се проширува, а може да се види на самата мобилна апликација.

Во наредните неколку години „Пакомак“ планира да постави машини на целата територија на нашата држава со цел машините да бидат достапни за користење од стана на сите наши граѓани.

Со користењето на повратните вендинг машини покрај придобивките за населението, ќе се воспостави навика за постојана грижа за природата, ќе имаме поодговорни и еколошки совесни граѓани, што претставува клучна алка во развојот на свеста за заштита на животната средина во нашето општество.

Екомак апликација
  • Екомак апликација

Екомак е иновативен систем за селективно собирање отпад по пакување и анализа на дата за ПЕТ пластики и лименки.

ЕкоМак Систем – Екомак е прва македонска апликација чија цел е поттик на совесно рециклирање овозможувајќи им на корисниците да собираат поени и да ги користат поените во маркети како ваучери. Таа е дел од поголем екосистем каде корисникот ја користи апликацијата да се автентицира со вендинг машина и собере поени за отпадното шише.

По најава во апликацијата се прикажува личниот баркод на корисникот. Истиот се појавува и при секое отварање на Екомак апликацијата. Овој баркод корисникот треба да го скенира на вендинг-машината секој пат пред нејзино користење и по фрлањето на отпадот. По употребата на вендинг машината на корисникот најдоцна за 24 часа ќе му бидат доделени зелени поени во зависност од количината селектиран отпад. Зелените поени може да се видат во апликацијата, додека оние кои се наоѓаат во горниот десен агол на апликацијата може да се заменат за ваучери (исто во самата апликација). 

Корисникот може да ги замени собраните поени за достапен ваучер, во зависност од бројот на поени, од Веро или Тинекс маркетите:

  • 20 поени – Ваучер од 10 денари од Веро Маркет
  • 20 поени – Ваучер од 10 денари од Тинекс
  • 100 поени – Ваучер од 50 денари од Тинекс
  • 100 поени – Ваучер од 50 денари од Веро Маркет
  • 200 поени – Ваучер од 100 денари од Тинекс
  • 200 поени – Ваучер од 100 денари од Веро Маркет
  • 400 поени – Ваучер од 200 денари од Тинекс
  • 600 поени – Ваучер од 300 денари од Веро Маркет

За корисникот да купи ваучер – односно да замени поени, напрво избира ваучер и притиска плати/купи. По купувањето истиот може да го најде во делот купени.

За регистрација треба најпрво да се креира профил каде треба да се остави целосно име на корисникот, е-маил адреса и да се креира лозинка. По регистрација корисникот ќе добие е-маил со еднократен активациски код кој треба да го внесе во апликацијата за успешно да се најави, односно успешно да го креира својот профил.

Во мобилната аппликацијата, во делот ваучери, корисникот во секое време може да ги види достапните ваучери за замена на поените и оние кои се веќе купени.

За искористување на купените ваучери во маркет, корисникот од делот купени притиска на ваучерот кој сака да го искористи и на каса го приложува баркодот кој ќе се појави на апликацијата по притискање на копчето “искористи“.

Историјата на трансакции на корисникот му дава преглед на сите купени ваучери – влезни транскакции како и на искористени ваучери – односно излезни трансакции.

Преземи ја апликацијата на:

 


Инструкции за употреба
  • Инструкции за употреба
Почитувајте ги наведените правила за селектирање со цел беспрекорно функционирање на апаратот.
Пластичната амбалажа селектирајте ја со капачето насочено кон отворот на апаратот!

Инсталирај

Апликацијата можете да ја преземете на Google Play и на App Store или со скенирање на овој QR код.

Регистрирај се
Најавете се со вашиот кориснички профил, а доколку немате профил, регистрирајте се со внесување на вашите податоци.

Скенирај
Пред пуштање на шишињата, кои се пуштаат само едно по едно со капачето насочено кон отворот на апаратот, или лименките во машината доближете го мобилниот телефон за да го скенирате вашиот личен QR код од мобилната апликација за евидентирање на зелените поени. Поените ќе бидат евидентирани на вашиот профил во рок од 24 часа.

Употреби

Отворете ја Екомак апликацијата. Во спротивно нема да се евидентираат зелените поени. На екранот на телефонот треба да се појави QR код.

Аплицирај

Доближете го телефонот со екранот свртен накај читачот на QR код што се наоѓа на апаратот.

Почекај

Откако екранот ќе покаже 100%, машината е спремна за следното фрлање на шишиња/лименки.

Рециклирај

Кога ќе се слушне звук по читањето на кодот, шишињата / лименките се пуштаат во машината едно по едно. Препорачливо е да не се вади етикетата од пластичните шишиња. Машината е наменета само за пластични шишиња и за лименки.

Избери услуга

По фрлање на шишињата или лименките, поените се евидентираат на апликацијата „Екомак“ и по одредено време корисникот може да избере која услуга сака да ја искористи со своите поени со купување ваучер за таа услуга преку мобилната апликација. Поените ќе бидат евидентирани на вашиот профил во рок од 24 часа.

Видео
  • Видео

Погледнете како да ги користите повратните вендинг апарати.


Мапа на вендинг машини
  • Мапа на вендинг машини

Мапата на вендинг машини може да се погледне на овој линк.

Ваучери
  • Ваучери
Со новите повратни вендинг машини, граѓаните ќе можат да го одложуваат амбалажниот отпад, а за возврат да добиваат „зелени поени“ за купување производи од Веро, како и за плаќање на општински и јавни услуги. Главната цел на овие вендинг машини е зголемување на можноста за селективно одложување на отпадот, посебно во урбаните средини.

Граѓаните ќе ја добиваат реалната вредност на материјалот што го селектираат, односно пазарната вредност. Ако цената на пластиката и лименките расте, тогаш и поенот ќе биде повисок.

Преземи апликација
  • Преземи апликација

Апликацијата за да ги собирате зелените поени како бенефит од користењето на вендинг машините можете да ја преземете на:

App store

Google play