Проект со Швајцарска амбасада
  • Активности со странски партнери
    • Проект со Швајцарска амбасада
  • Активности со локални партнери

„Пакомак“ потпиша договор со швајцарската амбасадата за проект за реализација на смарт систем за управување со отпад од пакување во времетраење од 30 месеци. Во овој договор беше кажано дека ќе се поставуваат 65 вендинг-машини.

Во план е тестирање на една таква машина во наредниве два-три месеца. Како дел од овој проект е започната изработката на софтвер за управување на паметни сензори кои што ќе бидат поставувани на Игло контејнерите и развој на паметни сензори. Целта е преку овој софтвер да им се овозможи на собирачите на отпад да ја извршуваат својата работа полесно и поефикасно со автоматско креирање на оптимални маршути, кои собирачите може да ги користат за празнење на Игло контејнерите. Во периодот што следи ќе биде тестиран прототип на неколку сензори за да се увиди процесот на функционирање. Со овој проект е предвидено поставување на 1.800 сензори на сите Игло контејнери. Исто така, беше организиран настан во живо со швајцарската амбасада за настап на Форумот за меѓународна соработка со цел промоција на проектот. На форумот на ниво на сите Швајцарски амбасади во светот беше дискутирано за урбаниот развој и системските промени (како што се управувањето со отпад, управувањето со водите, енергетските системи итн).

ГИЗ
  • Активности со странски партнери
    • ГИЗ
  • Активности со локални партнери

„Пакомак“ во реализација на проектот со „ГИЗ“

Проектот „Управување со стаклената амбалажа на Западен Балкан“е регионален проект финансиран од страна на германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој и „Пакомак“, а спроведен восоработка со Deutsche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (ГИЗ)и „Заедница на единиците на локална самоуправа“ (ЗЕЛС).Преку овој проект, земјите на Западен Балкан добија нови контејнери за селектирање стаклената амбалажа, а беше спроведена и регионална кампања за едукација на населението за важноста од селектирање настаклениот отпад.

Trash for art
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Trash for art

ИСТРАЖИ ЈА КРЕАТИВНОСТА

Од отпад, до уметничко дело! 

Собирај амбалажен, електронски отпад и отпадни батерии, направи уметничко дело и стани дел од иницијативата на „Пакомак“ и „Нула Отпад“ за почиста и поздрава средина. За најдобрите дела направени само од електричен отпад и само од амбалажа на Прилепска пиварница следуваат специјални награди.

Конкурсот трае од 2.4.2023 година до 4.4.2023 година. Сите уметнички дела ќе треба да се достават во Кинотека на Северна Македонија, кој било ден од 2 до 4 април, со тоа што на 2 и на 3 уметничките дела ќе може да се достават од 9.00 часот до 17.00 часот, а на 4 април од 9.00 часот до 13.00 часот.

СЕЛЕКТИРАЈ ОТПАД, СОЗДАВАЈ УМЕТНОСТ

Категории и награди

Наградниот конкурс „Trash for art 2023“ е отворен за возрасни и за деца, кои ќе се натпреваруваат во три категории:

  • градинки
  • основни училишта
  • поединци и други институции (средни училишта, факултети, невладини организации и други)

Во секоја категорија ќе бидат доделени по три награди – за прво, второ и за трето место.

Конкурсот „Trash For Art“ има и две специјални награди за најдобрите уметнички дела изработени само од електричен отпад или од амбалажа на Прилепска пиварница. Двете победнички уметнички дела ќе бидат наградени со по 30.000 денари.

Градинки

1. место – награда 30.000 денари
2. место – награда 20.000 денари
3. место – награда 10.000 денари

Основни училишта

1. место – награда 30.000 денари
2. место – награда  20.000 денари
3. место – награда 10.000 денари

Поединци и други институции

(средни училишта, факултети, невладини организации и други)

1. место – награда 30.000 денари
2. место – награда  20.000 денари
3. место – награда 10.000 денари

Скулптура од амбалажен отпад на Прилепска пиварница: награда 30.000 денари

Скулптура од електричен отпад награда од „Нула Отпад“ 30.000 денари

Правила за учество

  1. Делата од амбалажен отпад треба да бидат изработени од минимум 10 парчиња амбалажен отпад (од ист или од различен тип амбалажа) и да бидат високи до 150 см. Делата од електронски отпад треба да бидат изработени најмалку од три дела од електронски отпад: батерии, мобилни телефони, матични плочи, сијалици, хардискови, слушалки, цедиња, тастатури и др делови и да бидат високи до 150 см.
  2. Под амбалажен отпад се подразбираат: лименки, пластични и стаклени шишиња, тегли, капачиња, картонски кутии, конзерви, амбалажа од козметика и од средства за чистење, фолија за пакување, дрвени палети, тетрапак, кеси од чипс, обвивки и сл.
  3. Еден учесник може да пријави и повеќе дела, но не може да освои повеќе од една награда. Сите учесници што ќе направат уметничко дело од амбалажен отпад на Прилепска пиварница или од електричен отпад ќе можат за истото уметничко дело да добијат награда во категоријата за специјални награди, но и во другите три категории на конкурсот.
    На пример: Доколку учесник во категоријата основни училишта, исто така, го пријави своето дело во категоријата специјална награда, може да добие вкупно две награди, по една од секоја категорија.
    На пример: Доколку учесник во категоријата основни училишта, исто така, го пријави своето дело во категоријата специјална награда, може да добие вкупно две награди, по една од секоја категорија.
  4. Делата треба да се достават најдоцна до 13.00 часот на 4.4.2023 година, во Кинотека на Република Северна Македонија, во Скопје.
  5. Наградените дела ќе бидат објавени на веб-страницата на „Пакомак“ и ќе останат во сопственост на „Пакомак“.
  6. Недобитните дела ќе може да се подигнат од Кинотека на Република Северна Македонија, во Скопје. на 5.4.2023 година од 9.00 до 17.00 часот.
  7. Пријавата за учество се пополнува при предавањето на делата, не е потребно претходно пријавување.
Еко општина
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Еко општина

Секоја година, Пакомак организира конкурс за избор на најеколошки градоначалник и општина, во кој право на учество имаат сите општини во земјава, урбани и рурални.

На победниците на конкурсот, односно најеколошката општина и градоначалник, Пакомак им доделува награда модерно детско игралиште направено од еколошки и рециклирани материјали.

Sound of green
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Sound of green

„Sound of Green“ е екофестивал кој Пакомак го организира со звучни имиња од македонската и балканската музичка сцена. Во изминатите години свој екоконцерт имаа музичари како Едо Маајка, Гоце Саф, Суперхикс, Foolish Green, String Forces, Фолтин и многу други.

Влезници за фестивалот се добиваат во замена за три празни пластични шишиња од која било големина. Овој механизам за влез на екофестивалот има цел да ги натера младите да размислуваат за животната средина и да ги потсети дека со мала промена во навиките може да направат многу за животната средина.

Еко автобус
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Еко автобус

Проектот „3Д Екобус“ ги поттикнува децата да формираат еколошки навики за правилно однесување со амбалажниот отпад и заштита на животната средина, преку забава и различни видови материјали соодветни за деца на училишна возраст.

Проектот „3Д Екобус“, во 2015 година, доби Национална награда за најдобри општественоодговорни практики во категоријата – Заштита на животната средина.

Повеќе од настанот

Магионичарско шоу
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Магионичарско шоу

Пакомак и магионичарот Кристијан Шопов, преку забавна магионичарска претстава и интересни трикови, ги едуцираат децата од предучилишна и училишна возраст за важноста на селектирањето за одржување чиста животна средина.

Со проектот „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, во 2020 година, „Пакомак“ ја доби најзначајната еколошка награда во светот „Energy Globe Award“.

Еко маскенбал
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Еко маскенбал

По повод 1 април, денот на шегата, а во соработка со „Шпаркасе банка“ и „Рамсторе“, „Пакомак“ подготвува екомаскенбал за деца.

Секоја година, најкреативните маски изработени од материјали што се рециклираат, добиваат вредни награди.

Повеќе од настанот

Еко акции
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Еко акции

Од врата до врата

Од врата до врата“ е акција за рециклирање стакло на „Пакомак“, чијашто цел е да го направи процесот на селектирање подостапен до граѓаните. Односнo, по принципот „од врата до врата“, „Пакомак“ спроведува селекција на отпад во домаќинствата низ Република Северна Македонија.

Are you recycling?

„Are You Recycling“ е проект на „Пакомак“, што има за цел да ги вклучи сите угостителски објекти од целата држава во континуирана еколошка акција за селектирање на стаклениот отпад.

Чиста околина, чисто училиште, чисти раце

Екопроектот на Пакомак „Чиста околина, чисто училиште, чисти раце“ се одржува во основните училишта низ Скопје. Целта на оваа екоакција е зголемување на хигиената во училиштата, како и воведување здрави еколошки навики кај децата уште во нивното најрано детство. Пакомак за овој проект ја освои националната награда за општествена одговорност, во категоријата за заштита на животната средина, доделена од министерството за економија на република македонија.

Партнерство за заштита на животната средина

Пакомак потпиша меморандум за соработка со Федерацијата на планинарство линк