Проект со Швајцарска амбасада
  • Активности со странски партнери
    • Проект со Швајцарска амбасада
  • Активности со локални партнери

„Пакомак“ потпиша договор со швајцарската амбасадата за проект за реализација на смарт систем за управување со отпад од пакување во времетраење од 30 месеци. Во овој договор беше кажано дека ќе се поставуваат 65 вендинг-машини.

Во план е тестирање на една таква машина во наредниве два-три месеца. Како дел од овој проект е започната изработката на софтвер за управување на паметни сензори кои што ќе бидат поставувани на Игло контејнерите и развој на паметни сензори. Целта е преку овој софтвер да им се овозможи на собирачите на отпад да ја извршуваат својата работа полесно и поефикасно со автоматско креирање на оптимални маршути, кои собирачите може да ги користат за празнење на Игло контејнерите. Во периодот што следи ќе биде тестиран прототип на неколку сензори за да се увиди процесот на функционирање. Со овој проект е предвидено поставување на 1.800 сензори на сите Игло контејнери. Исто така, беше организиран настан во живо со швајцарската амбасада за настап на Форумот за меѓународна соработка со цел промоција на проектот. На форумот на ниво на сите Швајцарски амбасади во светот беше дискутирано за урбаниот развој и системските промени (како што се управувањето со отпад, управувањето со водите, енергетските системи итн).

ГИЗ
  • Активности со странски партнери
    • ГИЗ
  • Активности со локални партнери

„Пакомак“ во реализација на проектот со „ГИЗ“

Проектот „Управување со стаклената амбалажа на Западен Балкан“е регионален проект финансиран од страна на германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој и „Пакомак“, а спроведен восоработка со Deutsche Gesellschaft fur Internationale Zusammenarbeit (ГИЗ)и „Заедница на единиците на локална самоуправа“ (ЗЕЛС).Преку овој проект, земјите на Западен Балкан добија нови контејнери за селектирање стаклената амбалажа, а беше спроведена и регионална кампања за едукација на населението за важноста од селектирање настаклениот отпад.

Trash for art
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Trash for art

ИСТРАЖИ ЈА КРЕАТИВНОСТА

Од отпад, до уметничко дело! 


„Trash for art“ е награден конкурс за сите креативци, без разлика на возраста, коишто сакаат да се вклучат во борбата за подобра иднина со тоа што ќе му дадат втор живот на отпадот. Уметничките творби се изработени од амбалажен отпад што може да се рециклира.

Настанот успешно се одржува секоја година, а учесниците може да се пријават во една од двете понудени категории – училишта или поединци.

По завршувањето на конкурсот, победничките дела и делата-финалисти редовно се изложуваат во најголемите трговски центри низ Скопје.

Во продолжение, прочитајте ги добитниците на награди од конкурсот „Trash for Art“ 2023:

Категорија градинки:

1 место – награда 30.000 денари
Камила
Градинка „Борис Трајковски” од Демир Капија

2 место – награда 20.000 денари
Пајо
Градинка „Светот на Колорес” од Скопје

3 место – награда 10.000 денари
Морски свет
Градинка „Бамби” од општина Чашка

Категорија основни училишта:

1 место – награда 30.000 денари
„Змејот и витезот“
О.У. „Добре Јованоски“ од Прилеп

2 место – награда 20.000 денари
„Магаре со цветна кочија“
О.У. „Блаже Конески“ од Велес

3 место – награда 10.000 денари
„Пчела“
О.У. „Страшо Пинџур“ од Неготино

Категорија поединци и други институции:

1 место – награда 30.000 денари
„Кобра“
Автор: Стефан Анчевски

2 место – награда 20.000 денари
„Желка, носач на животот“
Автор: Михаела Стојменовиќ

3 место – награда 10.000 денари
„Коњ“
Автор: Тамара Блажевска

Специјална награда од Прилепска Пиварница – 30.000 денари
„Лустер“
Автор: ЈОУДГ „Наша Иднина“ - Прилеп

Специјална награда од „Нула Отпад“ – 30.000 денари
„Змија-Глувче“
Автор: Александар Ордев

Повеќе од настанот

Еко општина
  • Активности со странски партнери
  • Активности со локални партнери
    • Еко општина