Инфо за вендинг машини
  • Инфо за вендинг машини

„Пакомак“ е првата македонска компанија што во Република Северна Македонија го воведува светскиот тренд во селектирањето – повратни вендинг машини за собирање пластични шишиња и лименки.


Идејата зад овој проект е да ги мотивираме граѓаните да се вклучат активно во процесот на селекција на отпадот од пакување.

За таа цел, со селектирање пластична амбалажа или лименки во машините, граѓаните ќе имаат можност да собираат зелени поени со помош на бесплатната мобилна апликација на „Пакомак“ наречена „Ecomak“. За собирање зелени поени граѓаните пред користењето на машината ќе треба да го скенираат баркодот што се појавува на нивната мобилна апликација и по фрлањето на отпадот, ќе им бидат доделени зелени поени во зависност од количината фрлен отпад во машината. Секој корисник на мобилната апликација има свој личен баркод.

Зелените поени потоа може да бидат заменети со вредни придобивки и поволности како што се: ваучери за попусти во маркети и во други продажни објекти, попусти при плаќање јавни услуги и комунални трошоци, донации итн. Оваа листа на места каде што можат да се користат ваучерите секојдневно се проширува, а може да се види на самата мобилна апликација.

Во наредните неколку години „Пакомак“ планира да постави машини на целата територија на нашата држава со цел машините да бидат достапни за користење од стана на сите наши граѓани.

Со користењето на повратните вендинг машини покрај придобивките за населението, ќе се воспостави навика за постојана грижа за природата, ќе имаме поодговорни и еколошки совесни граѓани, што претставува клучна алка во развојот на свеста за заштита на животната средина во нашето општество.

Екомак апликација
  • Екомак апликација

Екомак е иновативен систем за селективно собирање отпад по пакување и анализа на дата за ПЕТ пластики и лименки.

ЕкоМак Систем – Екомак е прва македонска апликација чија цел е поттик на совесно рециклирање овозможувајќи им на корисниците да собираат поени и да ги користат поените во маркети како ваучери. Таа е дел од поголем екосистем каде корисникот ја користи апликацијата да се автентицира со вендинг машина и собере поени за отпадното шише.

По најава во апликацијата се прикажува личниот баркод на корисникот. Истиот се појавува и при секое отварање на Екомак апликацијата. Овој баркод корисникот треба да го скенира на вендинг-машината секој пат пред нејзино користење и по фрлањето на отпадот. По употребата на вендинг машината на корисникот најдоцна за 24 часа ќе му бидат доделени зелени поени во зависност од количината селектиран отпад. Зелените поени може да се видат во апликацијата, додека оние кои се наоѓаат во горниот десен агол на апликацијата може да се заменат за ваучери (исто во самата апликација). 

Корисникот може да ги замени собраните поени за достапен ваучер, во зависност од бројот на поени, од Веро или Тинекс маркетите:

  • 20 поени – Ваучер од 10 денари од Веро Маркет
  • 20 поени – Ваучер од 10 денари од Тинекс
  • 100 поени – Ваучер од 50 денари од Тинекс
  • 100 поени – Ваучер од 50 денари од Веро Маркет
  • 200 поени – Ваучер од 100 денари од Тинекс
  • 200 поени – Ваучер од 100 денари од Веро Маркет
  • 400 поени – Ваучер од 200 денари од Тинекс
  • 600 поени – Ваучер од 300 денари од Веро Маркет

За корисникот да купи ваучер – односно да замени поени, напрво избира ваучер и притиска плати/купи. По купувањето истиот може да го најде во делот купени.

За регистрација треба најпрво да се креира профил каде треба да се остави целосно име на корисникот, е-маил адреса и да се креира лозинка. По регистрација корисникот ќе добие е-маил со еднократен активациски код кој треба да го внесе во апликацијата за успешно да се најави, односно успешно да го креира својот профил.

Во мобилната аппликацијата, во делот ваучери, корисникот во секое време може да ги види достапните ваучери за замена на поените и оние кои се веќе купени.

За искористување на купените ваучери во маркет, корисникот од делот купени притиска на ваучерот кој сака да го искористи и на каса го приложува баркодот кој ќе се појави на апликацијата по притискање на копчето “искористи“.

Историјата на трансакции на корисникот му дава преглед на сите купени ваучери – влезни транскакции како и на искористени ваучери – односно излезни трансакции.

Преземи ја апликацијата на:

 


Инструкции за употреба
  • Инструкции за употреба
Почитувајте ги наведените правила за селектирање со цел беспрекорно функционирање на апаратот.
Пластичната амбалажа селектирајте ја со капачето насочено кон отворот на апаратот!

Инсталирај

Апликацијата можете да ја преземете на Google Play и на App Store или со скенирање на овој QR код.

Регистрирај се
Најавете се со вашиот кориснички профил, а доколку немате профил, регистрирајте се со внесување на вашите податоци.

Скенирај
Пред пуштање на шишињата, кои се пуштаат само едно по едно со капачето насочено кон отворот на апаратот, или лименките во машината доближете го мобилниот телефон за да го скенирате вашиот личен QR код од мобилната апликација за евидентирање на зелените поени. Поените ќе бидат евидентирани на вашиот профил во рок од 24 часа.

Употреби

Отворете ја Екомак апликацијата. Во спротивно нема да се евидентираат зелените поени. На екранот на телефонот треба да се појави QR код.

Аплицирај

Доближете го телефонот со екранот свртен накај читачот на QR код што се наоѓа на апаратот.

Почекај

Откако екранот ќе покаже 100%, машината е спремна за следното фрлање на шишиња/лименки.

Рециклирај

Кога ќе се слушне звук по читањето на кодот, шишињата / лименките се пуштаат во машината едно по едно. Препорачливо е да не се вади етикетата од пластичните шишиња. Машината е наменета само за пластични шишиња и за лименки.

Избери услуга

По фрлање на шишињата или лименките, поените се евидентираат на апликацијата „Екомак“ и по одредено време корисникот може да избере која услуга сака да ја искористи со своите поени со купување ваучер за таа услуга преку мобилната апликација. Поените ќе бидат евидентирани на вашиот профил во рок од 24 часа.

Видео
  • Видео

Погледнете како да ги користите повратните вендинг апарати.



Мапа на вендинг машини
  • Мапа на вендинг машини

Од листата со кликање на името на машината може да ја видите  најблиската повратна вендинг машина до вас за рециклирање или со кликање на следниот линк МАПА

БЕ1ДИМ1 - ДИМ БЕРОВО МАРШАЛ ТИТО 4БЕРОВО
БЕ2СТ7 -СТОКОМАК БЕРОВОКОЈОВА ЛИВАДА 1/1 БЕРОВО
БТ2ТХ17 - ТИНЕКС БОЛНИЦА АСНОМ БББИТОЛА
БТ1В13 - В4БИТОЛА ЏАМБОИГЊАТ АТАНАСОВСКИ БББИТОЛА
БТ3СТ7 -СТОКОМАК БИТОЛАПАРТИЗАНСКА БББИТОЛА
БТ4КАМ7 - КАМ БИТОЛА 3НАСКОРО РОКДАЈЛ БР 18 БИТОЛА
ВЕ1АГРОЕЛИ1- АГРО ЕЛИ 3НАСКОРОВЕЛЕС
МАКПРОГРЕСНАСКОРОВИНИЦА
KO1ЖТ2 - ЖИТО МАРКЕТ КОЧАНИ СКОПСКА БР 3КОЧАНИ
КП1КАМ1 - КАМ КР.ПАЛАНКАЈОАКИМ ОСОГОВСКИ ББКР. ПАЛАНКА
КУ2ЕЛ2 - ЕЛИДА 2ОКТ. РЕВОЛУЦИЈА 1/1КУМАНОВО
КУ1ЕЛ1 - ЕЛИДА1 Х.ТОДОРОВСКИ КАРПОШ 97КУМАНОВО
МК1РУД1-РУДНИК САСА 1УЛ.РУДАРСКА БР 28МАК.КАМЕНИЦА
МК1РУД1-РУДНИК САСА 2УЛ.РУДАРСКА БР 28МАК.КАМЕНИЦА
ОХ2ТАМ1 -ТАМАРО МАРКЕТ 7 ОХАСНОМ21ОХРИД
ОХ1КАМ3 - КАМ ВИЛИЏ7- МИ НОЕМВРИ 179ОХРИД
ПП2ФУТ2 - ФУТУРА18 УРЕДОТ  КРУМЕ ВОЛНАРСКИ 17ПРИЛЕП
ПП1ФУТ1 - ФУТУРА 10 ЧАРШИЈА БРАЌА ЛАМЕСКИ 1ПРИЛЕП
ПП3КАМ6 -КАМ ПРИЛЕП 6НАСКОРО ЦАР САМОИЛ БР 28 ПРИЛЕП
СК36ДИМ2 -ДИМ ЧЕНТОЈУЖНОМОРАВСКИ БРИГАДИ ББСКОПЈЕ
СК34РА2 - РАМСТОРЕ КАПИТОЛ JANE SANDANSKI 71AСКОПЈЕ
СК35РА3 - РАМСТОРЕ ВАРДАРСВ.КИРИЛ И МЕТОДИЈ 13СКОПЈЕ
СК33РА1 - РАМСТОРЕ ЛИСИЧЕ ФЕВРУАРСКИ ПОХОД 28СКОПЈЕ
СК26СТ3 - СТОКОМАК ПЕТРОВЕЦ УЛ.1 ББСКОПЈЕ
СК29СТ6 - СТОКОМАК НОВОСЕЛСКИВОЛКОВСКА 3СКОПЈЕ
СК25СТ2 - СТОКОМАК УСЈЕБОРИС ТРАЈКОВСКИ БР 12СКОПЈЕ
СК27СТ4 - СТОКОМАК ДРАЧЕВОЖИВКО ФИРТОВ 4СКОПЈЕ
СК28СТ5 - СТОКОМАК ЧАИР КЕМАЛ СЕЈФУЛА 4СКОПЈЕ
СК24СТ1 - СТОКОМАК МЛЕЧЕНАНКАРСКА СКОПЈЕ
СК30ТХ16 - ТИНЕКС СТАРА ТВ НИКОЛА ПАРАПУНОВ 27СКОПЈЕ
СК9ТХ1 -ТИНЕКС ЃОРЧЕЃОРЧЕ ПЕТРОВ БР 22СКОПЈЕ
СК10ТХ2 -ТИНЕКС ЗЕБРАВАСИЛ ЃОРГОВ  БР 16 СКОПЈЕ
СК12ТХ4 - ТИНЕКС ПРВОМАЈСКАБОРИС ТРАЈКОВСКИ БР 66СКОПЈЕ
СК13ТХ5 - ТИНЕКС ЛИСАВ.СМИЛЕВСКИ БАТО БР 7СКОПЈЕ
СК14ТХ6 - ТИНЕКС ЛИСАВ.СМИЛЕВСКИ БАТО БР 8СКОПЈЕ
СК15ТХ7 - ТИНЕКС РАДЕ КОНЧАР3-ТА МАКЕДОНСКА БРИГАДА БР 56СКОПЈЕ
СК19ТХ11 - ТИНЕКС ПРАШКАПРАШКА БР 15СКОПЈЕ
СК22ТХ14 -ТИНЕКС ЈУЖЕН БУЛЕВАРСВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ БР 1СКОПЈЕ
СК21ТХ13 - ТИНЕКС КАРПОШ 3НИКОЛА РУСИНСКИ БР 17СКОПЈЕ
СК18ТХ10 - ТИНЕКС ЗЛОКУЌАНИСКУПИ БР 28СКОПЈЕ
СК23ТХ15 - ТИНЕКС КИСЕЛА ВОДА 1БОРИС ТРАЈКОВСКИ 56СКОПЈЕ
СК32ТХ18 - ТИНЕКС РАДЕ КОНЧАР 2ТРЕТА МАКЕДОНСКА БРИГАДАСКОПЈЕ
СК1В9-ВЕРО ЦЕНТАР ЏАМБОБУЛ. КОЧО РАЦИН 1СКОПЈЕ
СК2В2 - ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ 1М. ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ 76СКОПЈЕ
СК3В2 - ВЕРО ТАФТАЛИЏЕ 2М. ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ 76СКОПЈЕ
СК4В1 - ВЕРО АЕРОДРОМЈАНЕ САНДАНСКИ БР 111СКОПЈЕ
СК5В8 -ВЕРО ЧАИРЏОН КЕНЕДИ БР 1СКОПЈЕ
СК6В10 -ВЕРО КИСЕЛА ВОДАБОРИС ТРАЈКОВСКИ БР 13СКОПЈЕ
СК31В14 -ВЕРО ЦЕНТАР ЏАМБО 2КОЧО РАЦИН 1СКОПЈЕ
СК7В5 - ВЕРО АМСММ. ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ 51СКОПЈЕ
СК8В12 - ВЕРО СИТИ МОЛМАНАПО 3СКОПЈЕ
СК11ТХ3 - ТИНЕКС ДРАМСКИШЕКСПИРОВА 6СКОПЈЕ
СК16КАМ5 - КАМ МОЛ СКОПЈЕГОРЧЕ ПЕТРОВ 18СКОПЈЕ
СУ1КАМ4 -КАМ ГЕНЗМАРШАЛ ТИТО ББСТРУГА
СУ2МИСА1 -МИСА МАРКЕТИ СТРУГАЕЛПИДА КАРАМАНДИ СТРУГА
СР2ОПШ2 -ЖИТО МАРКЕТ(ЗЕНДОЛИНО)ЦВЕТАН ДИМОВ 14СТРУМИЦА
СР4ТХ17 - ТИНЕКС РЕТАИЛ ПАРКСР КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ 57СТРУМИЦА
СР3ОПС3 - КИСИ ТРЕЈДГОЦЕ ДЕЛЧЕВ  49СТРУМИЦА
СР1ПШ1 -КАМ МАРКЕТ 2 СТРУМИЦА МАРШАЛ ТИТО 142СТРУМИЦА
ТЕ1В3 - ВЕРО ТЕТОВОВ. СМИЛЕВСКИ БАТО БР 7ТЕТОВО
ТЕ2В11 - ВЕРО ЏАМБО ТЕТОВОУЛ.113 БР 13ТЕТОВО
ШТ2СТ9 - СТОКОМАК ЖЕЛЕЗНИЧКАЖЕЛЕЗНИЧКА 24ШТИП
ШТ1ЖТ1 - ЖИТО МАРКЕТ ШТИП #1ПАРТИЗАНСКА БР 35ШТИП

Ваучери
  • Ваучери
Со новите повратни вендинг машини, граѓаните ќе можат да го одложуваат амбалажниот отпад, а за возврат да добиваат „зелени поени“ за купување производи од Веро, како и за плаќање на општински и јавни услуги. Главната цел на овие вендинг машини е зголемување на можноста за селективно одложување на отпадот, посебно во урбаните средини.

Граѓаните ќе ја добиваат реалната вредност на материјалот што го селектираат, односно пазарната вредност. Ако цената на пластиката и лименките расте, тогаш и поенот ќе биде повисок.

Преземи апликација
  • Преземи апликација

Апликацијата за да ги собирате зелените поени како бенефит од користењето на вендинг машините можете да ја преземете на:

App store

Google play



Корисни информации за машините
  • Корисни информации за машините

Информации и практични совети за машините

-  Проблем со најава на  повратните вендинг машини со персоналниот баркод број од нашата апликација 

    Обично проблем со најавата односно читање на баркод бројот од апликацијата, од страна на машината е поради недоволна осветленост на екранот на телефонот која треба да биде барем 70-80 % од максимумот што може да го одберете (осветлите екранот, дисплејот) на телефонот.Тоа е обично поради заштитините фолии кој ги има телефонот на екранот. Ако и после инструкциите имате проблем слободно контактирајте не на тел 02/2044567 лок 2.

Активирање на машината за рециклирање

Само овие доленаведените два случаи машината може да се отклучи за рециклирање со доделување или без доделување на поени.

1. Процедура за правилно регистрирање на поените и нивно префрлање во апликацијата

       За да може да ви се регистрираат поените единствено е можно кога со баркод бројот кој го имате од нашатата мобилна апликација се пријавите на машината. Со пријавата машината се отклучува и на екранот пишува добредојдовте и вашиот баркод со што продолжувате да рециклирате. Кога ќе завршите со рециклирање машината се заклучува и поените што ги имате на екранот на машината од процесот на рециклирање се префрлаат автоматски во вашата мобилна апликација

2. Процедура за рециклирање без добивање на поени

За да рециклирате без да добиете поени, без да се регистрирате со мобилниот телефон на машината, треба да го одберете зелениот таб на мониторот на машината каде што пишува дека рециклирате без да добиете поени. Потоа машината се отклучува, рециклирате и тие поени не се регистрираат.

Процедура за реализација на вредносен ваучер се состои од два дела купување и искористување на ваучер

Купување ваучер

     Процедурата за реализација на ваучерите започнува во Пакомак екомак апликацијата со кликање на ТАБ  "Ваучери" - "Достапни" каде  купувате  ваучер ( за  кој маркет или онлајн продавница сакате да пазарувате) со кликање на ТАБ " ПЛАТИ". Потоа ве прашуваме  за потврда дали сакате да го купите ваучерот. Ако изберете ''ДА", добивате информација дека имате 24 часа да го искористите ваучерот (во маркетот или онлајн продавницата за каде што е наменет) и соодветно ви се намалуваат поени за вредноста на ваучерот. Постапката може неколку пати да ја повотрите ако сакате да купите повеќе ваучери.

Искористување ваучер

      Процедурата  за искористување на купените ваучери е кога во Пакомак екомак апликацијата во  ТАБ "Купени" каде што се наоѓаат веќе купените ваучери, кликате на ваучерот што го имате и во долниот дел со кликање на ТАБ ''Искористи'' се појавува баркод бројот на ваучерот. При купување на каса се покажува баркодот на ваучерот (еден по еден, ако имате повеќе ваучери). Баркодот со баркод читач или рачно го евидентираат касиерките со што ви се намалува сметката соодветно на вредноста на ваучерот. Сите ваучери може само еднаш да се искористат.

      Почитувани корисници, сакаме да напоменеме дека многу е ВАЖНО вие да ги купите ваучерите преку мобилната апликација и да ги покажете на каса во маркетите со цел да ги искористите. Не треба да очекувате вработените во маркетот да го направат овој процес за вас бидејки не секогаш се запознаени со нашата мобилна апликација што вие ја имате инсталирано и ја користите.