- Пакомак и граѓаните
Зошто ни е потребно рециклирањето?
Сортирањето и селектирање на отпад е интегрален дел од процесот на рециклирање. Сортирањето започнува од домот. Со тоа се максимизира ефикасноста на процесот на рециклирање. Не секој материјал е рециклирачки, а исто така отпад како остатоци од храна може да влијае на можноста некои материјали да се рециклираат. Па така, и тони рециклирачки материјал може да биде неискористен и да заврши на депонија доколку не е правилно селектиран. Со сортирање и селектирање на отпадот водиме сметка за околината и градиме здрав и еколошки животен стил.
Неколку факти што можеби ќе ве предомислат да почнете да го селектирате отпадот, откако ќе ги прочитате:
- На Земјата ѝ требаат 18 месеци за да го надомести тоа што човештвото го искористува за една година, што опстанокот на планетата го прави целосно неодржлив.
- Во Македонија секој граѓанин годишно произведува повеќе од 360 килограми отпад, од кои 50-80 килограми се отпад од пакување, или годишно во земјава се создаваат повеќе од 700.000 тони отпад, од кои повеќе од 100.000 тони се од пакување. Овие бројки се крајно загрижувачки, а решението се гледа во циркуларната економија. Во овој модел, животот на продуктите се продолжува со ефикасно менаџирање на системот за селекција за рециклирање на отпадот.
- Дали знаете дека со рециклирањето на само 60 кг хартија, спасуваме едно цело дрво?
- И дека со само едно рециклирано пластично шише заштедуваме доволно енергија за една штедлива светилка да работи 30 часа, а со само една селектирана лименка заштедуваме доволно енергија телевизорот да работи 3 часа?
- Дека стаклото може неограничено да се рециклира? Математиката е едноставна – 1 тон рециклиран стаклен отпад дава 1 тон ново стакло!
Пакомак потсетува дека рециклирањето е мал чекор што граѓаните можат да го направат за зачувување на животната средина!
Но, овој мал чекор е ефикасен на долгорочен план.