За контакт форма
  • За контакт форма

Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК ДОО Скопје е посветено на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во своето работење. Во овој документ се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме  во делот на електронска комуникација при користење на контакт формата за испраќање на пораки на веб сајтот www.pakomak.com.mk како и чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Чии податоци се собираат

-          на посетители на веб сајтот www.pakomak.com.mk .Вообичаено се собираат податоци за навигација кои се користат за анализа на податоците од посетите на интернет страницата. Исто така во одредени случаи запишуваме информации во форма на “cookies” со цел да ја приспособиме посетата на нашата интернет страница според вашите навики и потреби.

-          на посетители кои ја користеле контакт формата во делот на електронска комуникација  со цел испраќање на порака до контролотор .

-          на посетители кои ја користеле овозможената услуга „ Анкета„ а со цел подобрување на нашето работење и услуги.

 Како ги собираме личните податоци

-податоци кои корисникот доброволни ги остава при користење на контакт формата во делот за електронска  комуникација како и при пополнување на анкети.

Категории на лични податоци кои ги обработуваме

-          лични податоци на корисниците кои е неопходно да ги внесат при користење на контакт формата за оставање на пораки во делот на електронска комуникација и при пополнување на анкети и тоа: (име, град, е-маил адреса, возраст).

-          за време на посетата на нашата веб страница за секој посетител се креираат и логови со следните податоци: интернет протокол ( IP адреса), уредот од кој се пристапува, страните кои се посетуваат и времето поминато на секоја страна, јазикот на пребарувачот кој се користи, држава( се одредува преку IP адресата).

Сите записи (логови) се чуваат заради проучување на сигурносен или кориснички проблем.

 

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои се собираат се чуваат во согласност со позитивните законски прописи и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Кои се Вашите права како субјекти на лични податоци

-право да бидете информирани за обработката на личните податоци

- право на пристап до личните податоци

- право на исправка и бришење на личните податоци

- право на ограничување на обработката на личните податоци

- право на приговор

Како субјекти на личните податоците можете да ги користите наведените правата со поднесување барање за остварување на соодветното право.

Барањето може да се поднесе на следниот начин:
- електронски на следната 
e-mail адреса o.trckovska@pakomak.com.mk  или  по пошта на адреса - бул. Партизански одреди , Порта Влае, блок 4, 1000 Скопје .

Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:
- име и презиме на субјектот на лични податоци;
- контакти за повратни информации - адреса, телефон, адреса на електронско сандаче;
- барање  со опис на барањето.

 

 

Право на поднесување на барање до АЗЛП  

 

Ако сметате дека начинот на кој Друштвото ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.

 

За дополнители информации и остварување на Вашите права за заштита на личните податоци можете да го контактирате офицерот за заштита на личните податоци Олгица Костова на следната е-маил адреса o.trckovska@pakomak.com.mk или на телефонскиот број 02-2044-567.