Услуги
  • Услуги
  • Закони

Услуги за клиентите што ги нуди „Пакомак“ како колективен постапувач

Клиенти на „Пакомак“ се сите тие компании што со своето дејствување создаваат отпад од пакување на територијата на Република Северна Македонија. Станува збор за:

  • Компании увозници, кои со својот увоз и продажба на увезените производи создаваат отпад од пакување;
  • Компании производители, кои со продажба на своите производи создаваат отпад од пакување.

Законска обврска на наведените компании, во согласност со ЗПОП – Законот за продолжена одговорност на производителот за управување на посебните текови отпад и ЗУПОП – Законот за управување пакување и отпад од пакување, е да членуваат во систем организиран од колективен постапувач. Сите овие компании со членството во „Пакомак“ добиваат:

  • Целосно менаџирање на амбалажниот отпад со цел усогласеност со законските прописи и исполнување на законските обврски.
  • Организиран систем за собирање, рециклирање и за енергетско искористување на амбалажниот отпад не оставајќи никакви обврски на компаниите. Со надоместот што го плаќаат компаниите кон „Пакомак“ ќе биде менаџиран нивниот отпад што завршува кај населението. „Пакомак“ како непрофитна компанија нема никаква добивка од средствата што ги плаќа компанијата, односно има законска обврска со тие средства да го организира целиот систем за собирање отпад од пакување со цел исполнување на националните цели.
  • Најповолни цени за менаџирање на отпадот.
  • Како колективен постапувач со отпад од пакување, „Пакомак“ претставува економски најисплатлива опција за компаниите, со надомест неколку пати помал од државниот надомест.
  • Користење бесплатна лиценца Green Dot.

Со цел Северна Македонија да се приклучи кон другиот дел од светот, кој долго и успешно се бори со овој проблем, Ве покануваме да ни ја дадете својата доверба и поддршка и да станете дел од нашиот систем.

Ценовници
  • Ценовници
  • Закони

Надоместоци за управување со отпад од пакување за 2023 - важност од 01.06.2023


Тип на отпад

1.761,3 МКД/тон    Хартија/Картон

2.212,4 МКД/тон    Пластика

2.533,8 МКД/тон    Стакло

2.101,2 МКД/тон    Останат метал

2.533,8 МКД/тон    Алуминиум

2.175,3 МКД/тон    Композитни материјали

1.761,3 МКД/тон    Дрво

*Надоместоците се без вкалкулиран ДДВ од 5%


Надоместоци за управување со отпад од пакување за 2024 


Тип на отпад

1.915,8 МКД/тон    Хартија/Картон

2.323,6 МКД/тон    Пластика

2.700,6 МКД/тон    Стакло

2.323,6 МКД/тон    Останат метал

2.700,6 МКД/тон    Алуминиум

2.323,6 МКД/тон    Композитни материјали

1.854,0 МКД/тон    Дрво

*Надоместоците се без вкалкулиран ДДВ од 5%



Надоместоци за Green Dot  

Тип на отпад

266,358 МКД/тон       Хартија/Картон                              

512,94 МКД/тон      Пластика                                            

249,672 МКД/тон        Стакло                                                 

385,632 МКД/тон      Останат метал                                 

448,05 МКД/тон      Алуминиум                                      

566,088 МКД/тон      Композитни материјали             

142,758  МКД/тон     Дрво                                                    

* Надоместоците се без вкалкулиран ДДВ од 18%, валута на плаќање е 10 дена.


Водич за законите
  • Закони
    • Водич за законите
ЗУПОП
  • Закони
    • ЗУПОП
ЗПОП
  • Закони
    • ЗПОП
Останато
  • Закони
    • Останато

Подзаконски акти

  1. Правилник за формата и содржината на образецот за водење на евиденција на правни лица кои постапуваат со отпад од пакување, производители и самостојни постапувачи со отпад од пакување, начинот на водење на евиденција како и формата и содржината на образецот на потврдата за регистрација на самостоен постапувач со отпад од пакување
    „Службен весник на Република Македонија“ бр. 41/10 од 25.03.2010 год.

  2. Правилник за условите за пакувања со долг животен век и видовите на пакувања кои служат како показатели дека пакувањето е со долг животен век
    „Службен весник на РМ“ бр. 48/10 од 09.04.2010 год.

  3. Листа на илустративни примери на пакување
    „Службен весник на Република Македонија“ бр. 52/10 од 16.04.2010 год.

  4. Правилник за начинот на нумерирање и кратенките на кои се заснова системот за идентификација и означувањето на материјалите од кои е произведено пакувањето, како и формата и содржината на ознаката за постапување со пакувањето
    „Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/10 од 06.05.2010 год.

  5. Правилник за начинот на водење, формата и поблиската содржина на базата на податоци и информативниот систем за пакување  и отпад од пакување
    „Службен весник на Република Македонија“ бр. 113/10 од 27.08.2010 год.

  6. Правилник за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за видот и количината на пакувањата што се пуштиле или увезле на пазар во Република Македонија во претходната календарска година и за постапување со отпад од тие пакувања, формата и содржината на образецот на производствената спецификација, формата и содржината на образецот на евиденцијата за вкупното пакување кое е пуштено на пазар или увезено во Република Македонија како и начинот на кој се води евиденцијата
    „Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/10 од 02.09.2010 год.

  7. Правилник за формата и содржината на образецот на потврдата за ослободување од плаќање на надоместок за управување со отпад од пакување.
    „Службен весник на РМ“ бр. 80 од 31.03.2022 год.

  8. Правилник за начинот и условите за надминување на нивоата на содржината на тешки метали во пакувањата, како и начинот на водење и содржината на евиденцијата и извештајот за постапување со отпад од пакување*
    „Службен весник на Република Македонија “ бр. 78/11 од 09.06.2011 год.

  9. Правилник за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на образецот на годишниот извештај за видот и количината на пакувањата што се пуштиле или увезле на пазар во Република Македонија во претходната календарска година и за постапување со отпад од тие пакувања, формата и содржината на образецот на производствената спецификација, формата и содржината на образецот на евиденцијата за вкупното пакување кое е пуштено на пазар или увезено во Република Македонија како и начинот на кој се води евиденцијата
    „Службен весник на РМ“ бр. 184/11 од 29.12.2011 год.

  10. Правилник за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција
    „Службен весник на РМ“ бр. 265 од 30.11.2021 год.

  11. Правилник за нумерирање и кратенки за означување на пакувањето

  12. Листа на видови на отпад

ПРИЛОГ Евиденција за бројот на продадени кеси на продажното место

Членство
  • Закони
  • Членство

Сакате да знаете како се станува член на „Пакомак“?

Навистина едноставно!


Вашата компанија може да биде член на „Пакомак“ доколку со своите активности создава отпад од пакување на домашниот пазар. Член се станува со потпишување договор за пристапување кон системот за управување на отпадот од пакување на „Пакомак“.

На овој линк може да испратите апликација со податоци и потребни документи за да станете член во „Пакомак“.

Предности

Искористете ги предностите што ви ги нуди членството во „Пакомак“ и добијте:

  • Целосно менаџирање на вашиот амбалажен отпад. Како наш клиент, „Пакомак“ ќе ви организира систем за собирање, рециклирање и за енергетско искористување на амбалажниот отпад, не оставајќи ви никакви обврски,
  • Најповолни цени за менаџирање на вашиот отпад. Како колективен постапувач со отпад, „Пакомак“ претставува економски најисплатлива опција за вашата компанија, со надомест неколку пати помал од државниот надомест.
  • Исполнување на законските обврски. Во согласност со законските прописи, вие плаќате надомест кон „Пакомак“ и со тие средства ќе биде управуван вашиот отпад. „Пакомак“ како непрофитна компанија нема никаква добивка од средствата што ги плаќате.
  • Бесплатна лиценца Green Dot.

Обврски

Според законот, вашата компанија има обврска да доставува месечни извештаи подготвени врз основа на производствените спецификации и извештајот за продажба за тој месец.

Производствени спецификации

  • Информации за количината на генериран отпад од пакување по производ / артикал.

Месечни извештаи

  • Информации за вкупните вредности на пласираниот отпад од пакување на пазарот во Македонија за сите производи. Извештајот се доставува до 15 во месецот, за претходниот месец.

Образци

  1. Образец за Месечен извештај (превземи во Excel)
  2. Образец за Годишен извештај (превземи во Excel)
  3. Образец за Производствена спецификација (превземи во Excel)

Компании - членки

  1. Пивара Скопје АД - Скопје
  2. Прилепска пиварница АД - Прилеп
  3. Витаминка АД - Прилеп
  4. Пелистерка ДОО - Скопје
  5. Магрони ДОО - Скопје
  6. Кодинг ДООЕЛ - Кавадарци
  7. Кожуфчанка ДОО - Кавадарци
  8. Вивакс ДООЕЛ - Скопје
  9. Благој Ѓорев АД - Велес
  10. ВВ Тиквеш АД - Скопје
  11. ВВ Стоби АД
  12. И уште над 800 други компании
Критериуми за одредување на амбалажен отпад
  • Закони
    • Критериуми за одредување на амбалажен отпад

За детално објаснување како се пополнуваат производните спецификации и месечните извештаи, погледнете го документот на овој линк.

Пополнување на прозиводствени спецификации
  • Закони
    • Пополнување на прозиводствени спецификации

За полесно препознавање и класифицирање на амбалажата, разгледајте ја поделбата на различните типови амбалажа на овој линк.

Апликација за пријавување на отпад
  • Закони
  • Апликација за пријавување на отпад

Веб-апликација за електронско пријавување отпад од пакување

Линк за апликација за пријавување отпад

Почитувани клиенти,

Изработивме веб-апликација за електронско доставување на месечните извештаи за отпад од пакување до „Пакомак“. Веб-апликацијата е многу едноставна и, пред сè, сигурна алатка за користење. Со користењето на веб-апликацијата ќе имате повеќе придобивки и можности.

Придобивки

  • Поедноставно доставување извештаи до „Пакомак“. Се елиминира доставување извештаи преку е-пошта.
  • Пополнувањето на извештаите е многу едноставно.
  • Сигурност дека извештаите се стигнати и обработени од страна на „Пакомак“ со повратната информација што ја добива подносителот на извештајот.
  • Едноставен преглед на сите доставени и фактурирани извештаи за одреден изминат период.

Сигурност на податоците

  • Секој клиент има ограничени можности да има увид исклучително во своите извештаи и податоци.
  • Внесените податоци во извештајот не може да ги менува никој друг, освен одговорното лице кај клиентот бидејќи само тоа лице ги има корисничкото име и лозинката за пристап до податоците.
  • Секое одговорно лице има свое корисничко име и лозинка.

Линк за пристап до веб-апликацијата.

Вашето корисничко име и лозинка можете да ги добиете само од „Пакомак“, за што ќе треба да ни се обратите.

Со еден клик на овој линк пристапувате до апликацијата. Откако ќе се логирате и ќе ги прифатите условите на користење „Terms and Conditions“ ќе може да ја користите веб-апликацијата. Во самата апликација имате упатство за употреба, а видеоклипот со начинот на употреба можете да го видите на следниов линк.

Ве молиме, во иднина користете ја оваа веб-апликација за доставување на вашите извештаи.

За какви било појаснувања ви стоиме на располагање.

Видео за апликацијата
  • Закони
  • Видео за апликацијата

Видео како се користи апликацијата може да погледнете тука.