Контејнери
  • Контејнери

Мапа на поставени контејнери



Во контејнерот за пластика се фрла само пластична амбалажа и амбалажа од метал.
Тука спаѓаат и шишињата од детергенти, омекнувачи, оцет и масло, пластична фолија, алуминиумски лименки, метални конзерви и останато.
Фрлајте ги во ЖОЛТИОТ контејнер.

Во контејнерот за стакло се фрла само стаклена амбалажа од шишиња и тегли.
Фрлајте ги во ЗЕЛЕНИОТ контејнер.

Во контејнерот за хартија се фрла само амбалажа од хартија и композит.
Тука спаѓа и тетрапак отпадот, како пакувања од млеко сокови, сосови и повеќеслојно пакување од чипсови, смоки...
Фрлајте ги во СИНИОТ контејнер.

Обележување на мапа на контејнерите за селекција на хартија, пластика и на стакло од „Пакомак“


Со цел да се овозможи полесно и подостапно информирање на граѓаните на Република Македонија, „Пакомак“ изработи дигитална мапа на која се обележани сите општински локации на кои се поставени добро препознатливите контејнери за селектирање.

Доколку сакате да дадете свој придонес во зачувување на животната средина, селектирајте го отпадот и оставете го во најблиските контејнери за селекција на отпад на „Пакомак“.