Видови на отпад
  • Видови на отпад

Видови на отпад

Речиси една третина од отпадот што го создаваме е отпад од пакување и може да се рециклира.

Многу типови на стакло, хартија, картонски амбалажи, метали, пластика, гуми, текстил и електроника важат за материјали кои можат да се рециклираат. Најчесто употребувани материјали за рециклирање се оние кои што се создаваат од отпадот од пакување: стакло, хартија, метал, пластика, дрво и тетрапак. Поделбата на отпадот може да се изврши на неколку начини.

Сè попопуларен метод за решавање на проблеми со отпад е рециклирањето.

Се проценува дека околу 60% од фрлениот материјал може повторно да се искористи. Рециклирањето е погодно не само затоа што ја намалува количината на отпад, туку и затоа што ја намалува потрошувачката на суровини и гориво, но го намалува и загадувањето.

Пакомак се грижи за следниот тип на отпад од пакување:

  • Стакло, што се фрла во зелените контејнери;
  • Пластика,лименки и останат метал, што се фрлаат во жолтите контејнери;
  • Хартија и тетрапак, што се фрла во сините контејнери.
  • Дрвената амбалажа (палети)

Со правилно селектирање на отпадот, ја зачувуваме животната средина. А животната средина е местото каде што постоиме, се движиме, работиме, дишеме. Таа е основна човечка вредност и право кое сме должни да го заштитуваме и унапредуваме. Таа е темелна вредност дури и на уставниот поредок на нашата држава!